Лајчак: Следниот состанок на главните преговарачи на Белград и Приштина ќе биде во декември
– Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, најави дека, во рамки на дијалогот во Брисел, следната средба на ниво на главните преговарачи на двете страни ќе се одржи во декември годинава.
Лајчак ова го објави на Фејсбук, мислејќи на „продуктивните и проникливи“ претходните две недели, во кои ги посети Женева, Тирана и Париз.
„Со моите соговорници во Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Кеј д’Орсеј и на други места, имав важни дискусии за дијалогот и за патот напред. Овие разговори се клучни за обликување на работата што ја врши мојот тим додека се подготвуваме за претстојниот состанок на главните преговарачи во декември. Со нетрпение го очекувам следниот период“, изјави Лајчак.
На 24 октомври во Брисел се одржа последната средба на ниво на главните преговарачи на Белград и Приштина, на која имаше и трипартитна средба меѓу Лајчак и главните преговарачи Петар Петковиќ и Бесник Бислими. Лајчак потоа по средбата рече дека се разговарало за имплементацијата на Охридскиот договор, кој, како што наведе, суштински допрва треба да започне