Лајен: ЕУ работи на структурна реформа на пазарот на електрична енергија

Европска Унија работи на „итна интервенција“ за да се стават под контрола цените на електричната енергија, што се зголемија поради руската инвазија врз Украина, изјави денеска претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен.

– Растечките цени на електричната енергија сега наметнуваат ограничувањата на нашиот пазар на електрична енергија, истакна Лајен на стратешкиот форум во словенечкиот град Блед.

Таа додаде дека актуелниот пазар за електрична енергија развиен е во различни околности од сегашните.

– Затоа сега работиме на итна интервенција и структурна реформа на пазарот на електрична енергија, наведе Лајен.

Back to top button
Close