Лансирана е Барби Камила!

Кралицата Камила доби своја Барби верзија, со која гордо позираше пред медиумите во Британија.

Компанијата Маттел, која ги произведува популарните барбики, решила да ја награди Камила со нејзина верзија, поради нејзината голема поддршка на здружението „Жените на светот“.

За време на претставувањето на Барби Камила, кралицата била облечена во иста облека како куклата, пренесоа британските медиуми.

И во минатото компанијата Мател лансираше кралска верзија на Барби, односно пред две години беше произведена Барби верзија на кралицата Елизабета Втора, по повод нејзина 70-годишнина на престолот..

Back to top button
Close