Лавров и Гутереш разговараа за Сирија, Либија и коронавирусот
![](https://libertas.mk/wp-content/uploads/2020/06/lavrov-i-guteresh-razgovaraa-za-siri-a-libi-a-i-koronavirusot.jpg)
– Решавањето на конфликтите во Сирија и Либија и борбата против коронавирусот беа во фокусот на телефонскиот разговор меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
Клучно внимание било посветено на проблемите во Сирија и Либија со фокус на одредени аспекти на активностите на Обединетите нации за овие прашања, се наведува во документот.
Двајцата функционери разговараа и за работата на Светската здравствена организација во одговорот на последиците од пандемијата на коронавирусот.