Лавров: Нема да користиме нуклеарно оружје
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија не размислува за употреба на нуклеарно оружје во Украина, но и дека започнала нова фаза од својата „специјална воена операција“.
-Ќе користиме само конвенционално оружје, рече Лавров.
Тој зборуваше и за втората фаза од инвазијата.
-Почнува втората фаза од оваа операција и сигурен сум дека ова ќе биде многу важен момент за целата специјална операција, рече Лавров.
Украински и западни претставници, како и експерти и аналитичари веќе изјавија дека Москва започнала офанзива во источна Украина, а тоа денеска го потврди и Лавров.
Да потсетиме, портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, кон крајот на март изјави дека Русија во никој случај нема да користи нуклеарно оружје во Украина