ЛАЖНИ ВЕСТИ: Оваа фотографија ниту е од Македонија, ниту има врска со коронавирусот

Фејсбук статус на Арбнора Мемети:

По социалните мрежи почна да се шири оваа слика, со наводи дека институциите ги манипулираат граѓаните за жртвите од ковид.

Во нивните објави стои дека со одлука на ЈО се отворил погреб на жртва од ковид, и нашле празен ковчег.

Од моето проверување по интернет, се најдов во еден шпански сајт за проверување на факти каде што на ист начин биле манипулирани и граѓани од други земји.

Авторот на оригиналната слика е Милтон Рогерио а сликата е објавена на веб-страницата São Carlos Agora на 30.05.2017 година.

Сликата нема врска со КОВИД, а станува збор за фалсификување на погреби на бездомници во Амазон.

Back to top button
Close