Ле Пен веќе нема да ја води партијата

Претседателката на Националното собрание Марин Ле Пен денеска соопшти за повлекување од чело на партијата, со цел да се посвети на водењето на пратеничката група во новиот состав на францускиот Парламент.

Ле Пен ја даде изјавата за БФМ ТВ, откако нејзината десничарска партија постигна историски резултат со освоени 89 пратенички места.

На парламентарните избори, коалицијата „Заедно“ на францускиот претседател Емануел Макрон не успеа да го задржи апсолутното мнозинство во Долниот дом.

Наместо потребните 289, „Заедно“ освои 245 во Парламентот што има 577 места. На левичарската коалиција „Нупес“ на Жан Лук Меланшон ѝ припаднаа 131 место.

Back to top button
Close