Лефков: На Дрин Ахмети место да му се одземе концесијата, му се давале тендери

Дрим Ахмети преку Еверст ЏД експлоатирал минерални суровини повеќе отколку што пријавил и платил на државата

Дрин Ахмети добивал милионски тендери, иако го оштетил Буџетот и владата на СДС и ДУИ требало да му ја одземе лиценцата, обвини на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Тој вели дека Дрим Ахмети преку Еверст ЏД, со која експлоатирал минерални суровини повеќе отколку што пријавил и платил на државата, наместо да се соочи со санкција и одземена дозвола под закрила на Министерството за економија на Крешник Бектеши продолжил да работи, и како таков да ниже милионски тендери.

-Бектеши не му ја одзел концесијата на Дрин Ахмети, иако требал и морал, па тој сепак продолжил да работи и како таков добивал тендери. Имено фирмата се јавува како носител на договори за јавни набавки во државните институции АД „ЕСМ” во вкупен износ од 7.670.000 денари со вклучен ДДВ и договор за јавна набавка кај ЈКП „Водовод и канализација” – Прилеп во вкупен износ од 944.000 денари со вклучен ДДВ, вели пратеникот.

Лефков посочува дека над 8 ипол милиони денари се тендерите кои ги добила фирмата на Ахмети, а на кои немало да учествува ако владата на СДС и ДУИ и Крешеник Бектеши постапеле по закон.

Back to top button
Close