Лекари и сестра од Инфективна позитивни на Ковид-19

Тројца доктори и една медицинска сестра од инфективната клиника се позитивни на коронавирусот, објави ТВ24. Сите се со полесни симптоми и на домашно лекување. Од министерството за здравство велат дека во моментов нема случај на кластер или поголема бројка на заболени од ковид во склоп на скопските клиники.

Десетина дена откако на Клиниката за нефрологија се заразија повеќе од 20 вработени во исто време – МАНУ се уште утврдува дали персоналот е заболен од новиот сој на коронавирусот.

„Анализи за секвенционирање на британскиот сој траат најмалку една недела. Во текот на викеднов МАНУ дополнително земаше брисеви од здравствените работници на клиниката за нефрологија за да се извршат анализи“ – Министерство за здравство.

Од министертството велат дека нема нови потврдени случаи на заболени од британската мутација на коронавирусот. МАНУ во моментов испитува дали и во други градови го има овој нов сој. Засега според здравствените власти нема потреба од паника, но велат будно се следи состојбата.

„Засега нема препорака за друг тип или дополнителни превентивни мерки. Доколку ескалира ситуацијата здравствениот систем е спремен и поставен, а во било кој момент испразнетите одделенија може повторно да станат ковид центри. Нема простор за паника, но мора да продолжиме со почитување на мерките.“ – Министерство за здравство.

Во Македонија досега се регистрирани тројца пациенти позитивни на британскиот сој на корона вирусот за кој епидемиолозите утврдиле дека за е 70 отсто позаразен и за со близу 30 отсто поголема смртност кај повозрасните пациенти. Британската мутација ја однесе и првата жртва во Македонија – 46 годишен маж кај кој бил дијагностициран овој сој починал во приватна болница четири дена откако бил примен на болничко лекување.

Back to top button
Close