Лекарите и чуварите ги лазеле морници од криците на детето убиец од Врачар.Викал во психијатриската болница и ги притискал лекарите да го пуштат.

Детето (13) кое на 3 мај о.г. уби 8 другaри и чуварот на училиштето, а подоцна почина уште едно дете како последица од ранувањето, се осилило и врши секојдневно притисок врз лекарите да го пуштат од клиниката на слобода и тврди дека „немало повеќе причина да го држат во болницата“ но шансите за такво нешто според лекарите се никакви.Тој од првиот ден кога е донесен во психијатриската болница во Белград е во целосна изолација а лекарите му прават целосно вештачење и додатна дијагностика. За цело време тој е ладен и смирен, не покажува каење, не побарал да контактира со никој, само прашувал „Кога ќе излезам на слобода“ и „Како се коментира во јавноста тоа што го направил’.

Но последниве денови почнал да врши силен притисок врз лекаритем викал по нив и барал да го пуштат на слобода.

„Ќе ме пуштите ли денеска, нема причина веќе да бидам тука, сите прегледи ми ги направивте“ им викал на лекарите секојдневно, а тие молчеле затоа што им е јасно дека тој и натаму е потенцијална опасност и дека никогаш нема да биде на слобода.

Слободан Негиќ татко на девојче кое во училиштето Коста К.го застрелал изјавил дека на оваа тема разговарал со државниот секретар во Српското министерство за здравство. “На прашањето што ќе биде со злосторникот,јас кај државниот секретар видов онака човечка искрена намера да направи се убиецот никогаш да не биде ослободен од затворена институција” рекол таткото на едно од убиените деца.

Уб

Детето убиец е мистерија и за лекарите.

Убиецот и натаму ги збунува лекарите кои го следат. Јасно е и зошто. Тој е најмонструозниот убиец во светската историја на таа вораст – нема дете кое немало 14 години а убило толку лица како тој.

Врз основа на сите информации експертите се цврсто уверени дека тој од досега за нив непознати причини ја нема формирано важната компонента на личноста, таканареченото супер его.
Од разговорите во полиција со неговата мајка доктор на науки дојдено е до заклучок дека таа барала од него најдобри резултати во училиште, со сопругот биле убедени дека е надпросечно интелегентен а од досегашните испитувања се покажало дека има просечна интелегенција а не е дете гениј како што мислеле тие. Мајка му Милијана К професор на факултетот за биологија во Белград и научен истражувач рекла дека не и е јасно и не може да сфати што му се случило затоа што дома и колку што таа знае и надвор бил мирно па дури и повлечено дете. Истото го рекла и гувернантата која од кога се родиле и тој и сестра му секојдневно ги чувала и се грижела за нив.

Мајка му во полиција раскажала дека на 1 мај Коста отишол на излет со семејствоти на негов другар а утредента на 2 мај со сестраму не отишле на училиште туку заминале на гости кај нивните баба и дедо. Утредента на денот на злосторството мајка му им подготвила доручек и приметила дека е мрзлив и го потсетила да побрза да не задоцни но тој и рекол дека ќе стаса и ќе нема проблем.

Постојано плачам за децата и мислам, зошто, што му се случило, зошто го направи ова им велела на полициските инспектори Милијана К мајка на најмасовниот дете убиец. Обвинителството треба да одлучи дали таа го занемарувала и ќе покрене обвинение за неа но и за татко му кој од денот на злосторството е во притвор.

пренесено од Србија данас

Back to top button
Close