Лидерите на Венецуела и Гвајана во четврток ќе се обидат да го решат територијалниот спор
Претседателот на Гвајана Ирфан Али во четврток ќе се сретне со венецуелскиот претседател Николас Мадуро на карипскиот остров Сент Винсент, во обид да се реши решат територијалниот спор на двете земји за регионот Есекибо.
Али рече дека доаѓа со „добра волја“, но инсистираше да се почитува неговата земја и спорот да се реши пред Меѓународниот суд на правдата.
Спорот околу Есекибо, кој сочинува две третини од територијата на Гвајана и се граничи со Венецуела, се влоши откако Венецуела одржа референдум на почетокот на овој месец за анексија на регионот, кој се наоѓа во близина на големите наоѓалишта на нафта.
Венецуела тврди дека Есекибо бил во нејзините граници за време на шпанскиот колонијален период и ја отфрла границата што ја поставиле меѓународните арбитри во 1899 година кога Гвајана била под британска власт.
Во видео порака објавена на социјалните мрежи, министерот за надворешни работи на Венецуела, Иван Гил, вели дека се сретнал со својот колега од Гвајана и истакна дека тие „секогаш се за дијалог меѓу двете земји за да се реши оваа контроверзност“.
Претседателот на Гвајана, сепак, инсистираше на тоа дека нема да преговара со Венецуела, додавајќи дека целиот случај ќе го изведе пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг.
На прашањето дали САД пружиле некаква воена помош, претседателот Али рече дека потпишал одбранбен договор со САД за да обезбеди продолжување на „големите програми за обука и вежби“.