Лидерите на Венецуела и на Гвајана пристигнаа во Сент Винсент на состанок за регионот Есекибо

Лидерите на Гвајана и Венецуела слетаа денеска во Кингстаун, главниот град на островската држава Сент Винсент и Гренадин во Централна Америка, за да разговараат за деескалација на долгогодишните територијални спорови, кои неодамна ескалираа окткако на референдумот во Венецуела е изгласано припојување на околу две третини од територијата на Гвајана кон Венецуела.

На предлог на регионалните партнери, гвајскиот претседател Ирфан Али и претседателот на Венецуела, Николас Мадуро се договорија да се сретнат на меѓународниот аеродром Аргајл на источниот карипски остров Сент Винсент, а на состанокот присуствуваа премиерите на Барбадос, Доминика и Тринидад и Тобаго.

Премиерот на Сент Винсент и Гренадин, Ралф Гонсалвес, рече дека очекува дополнителни средби меѓу Мадуро и Али. Целта на денешниот состанок, како што наведуваат агенциите, е да се смират тензиите што се разгореа околу Есекибо, пограничен регион богат со нафта и минерали, кој го претставува поголемиот дел од територијата на Гвајана,и за кој Каракас тврди дека и припаѓа на Венецуела.

По референдумот во Венецуела на 3 декември, Мадуро им нареди на своите државни компании да започнат со истражување и експлоатација на нафта, гас и минерали во Есекибо, по што двете страни ги ставија своите армии во состојба на готовност. Венецуела тврди дека регионот Есекибо бил дел од нејзината територија за време на шпанскиот колонијален период и дека Женевскиот договор од 1966 година меѓу нивната земја, Велика Британија и Гвајана ја поништил границата што ја поставиле меѓународните арбитри во 1899 година.

Back to top button
Close