Лидерите на власта и на опозицијата во Ирска ќе ротираат на премиерската функција

Актуелниот премиер на Ирска и лидер на Фајн геал, Лео Варадкар ќе ја дели функцијата со лидерот на опозициската партија Фијан фол, Мајкл Мартин, така што ќе ротираат во следните пет години.

Претходно, Фиана фол, Фајн геал и Зелената партија постигнаа договор за формирање на нова коалициска влада.

Партиите сакаат да формираат нова влада пред крајот на јуни, бидејќи во моментот Парламентот не може да усвојува закони, вклучително и законот што се однесува на помошта во висина од 5,6 милијарди евра за компаниите што се погодени со пандемијата со Ковид-19.

Парламентарните изобори во Ирска се одржаа во февруари, но ниту една партија не освои мнозинство, а коалициските разговори беа прекинати поради пандемијата.

Back to top button
Close