Лидерската средба заврши, нема да има изјави

Новинарот на ТВ Клан, Фуркан Салиу преку Фејсбук објави за лидерската средба меѓу Заев и Мицкоски со посредство на претседателот Пендаровски во вилата на Водно.

„3 саати чекање, и на крај тројцата лидери се договориле ДА НЕ ДАДАТ ИЗЈАВИ!!!“, напиша Салиу.

Се очекува соопштение од кабинетот на претседателот.

Дополнето:

Сепак, Заев и Мицкоски решија да дадат кратки изјави во кои единствено кажаа дека ќе следува соопштение од претседателскиот кабинет.

Соопштението можете да го прочитате ТУКА.

Back to top button
Close