Лидија Георгиевска избрана за претседателка на Вишиот управен суд
Судскиот совет на денешната 504-та седница за претседател на Вишиот управен суд ја избра судијката Лидија Георгиевска. За претседател на Основен суд Велес советот ја избра судијката Валентина Георгиевска, додека за претседател на Основен суд Струга е избран судијата Вулнет Винца.
Претседателот на Комисијата за избор на претседател на Виш управен суд, Антоанета Димовска, рече дека имало две кандидатури кои биле целосни и навремени.
– Судиите од Вишиот управен суд не се оценуваат и предлог листата е сочинета по азбучен ред. Прва е Лидија Георгиевска, потоа Виолета Илиевска. Ги имате сите материјали и пријавите. Бидејќи се работи за избор на претседател имате предлог програма со акциски план, појасни Димовска.
Судскиот совет со 13 гласа „за“ и пет гласа од припадниците на заедниците едногласно донесе одлука за претседател на Виш управен суд да биде избрана Лидија Георгиевска.
Судскиот совет со 13 гласа „за“ едногласно ја избра Валентина Георгиевска за претседател на ОС Велес, а за претседател на ОС Струга Вулнет Винца, од ОС Охрид