Лила Филиповска: Ќе зборувам за моето искуство, за да помогнам некому што можеби го поминува истото

Водителката Лила Филиповска, која неодамна го победи ракот на дојката, преку социјалните мрежи и неколку интервјуа излезе во јавност и се заблагодари за сите пораки со поддршка и убави желби кои ги добила.

Таа открива дека наредниот период детално ќе раскаже за својот пат кон оздравувањето, со цел да им помогне на оние кои го минуваат истото.

-Еве баш вака сум насмеана заради илјадниците пораки што ги добив од вас драги пријатели, тони љубов и желби за добро здравје. А што друго ни треба? Ако немаш здравје немаш ништо!!!

Ама кога го имаме често забораваме да го цениме. Секој има своја борба, и никогаш не знаеш кој со каков проблем се соочува… затоа секогаш биди љубезен, барем тоа е бесплатно.

Жалам што не можам на сите да ви вратам на прекрасните пораки, но еве на овој начин сакам да ви се заблагодарам искрено и од срце за одвоеното време и убавите желби.

Во наредниов период подетално ќе зборувам за мојот пат, се со цел да помогнам некому што можеби го поминува истото… затоа што во вакви моменти поддршката е најважна и ве молам секогаш кога можете давајте ја, затоа што тоа е главната сила во битката со секое зло, па и со ова-порача водителката.

Back to top button
Close