Лога- Од затвор нема да излегуваат академици, на пратениците ќе им дадам албум со слики од „Идризово“
Од затвор нема да излегуваат академци, но нема да биде амнестиран ниту еден избран и именуван функционер, вели министерот за правда, Кренар Лога откако законот за амнестија помина на владина седница и се очекува наредната недела да се најде на собраниска седница пред пратениците.
Како што потенцираше Лога, останува во сила истиот закон од 2018 година кога сите политички партии, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ беа предлагачи. Тој очекува поддршка од сите пратеници и најави дека на пратениците ќе им даде албум со слики од посетата на „Идризово“ и огледало за сите пратеници.
Тој рече дека не може да прејудицира кој точно затвореници ќе бидат опфатени со амнестијата откаков јавноста излезе информација дека двајца осуденици од случајот „Монструм“, Фејзи Азири и Хаки Азири ќе излезат од затвор ако се донесе новиот закон за амнестија.
-Од затворите сигурно нема да излегуваат академици, порача Лога.
Во моментов 2114 осуденици издржуваат затворска казна, а 2813 чекаат да влезат во затвор. Со амнестијата се очекува 286 осуденици да бидат целосно ослободени од затворска казна, а 996 да бидат делумно амнестирани. Според објавениот предлог закон, казните нема да им бидат намалени на осудените на доживотен затвор, како и на тие кои се во затвор за убиство, измама при избори и гласање, мито и корупција, силување, семејно насилство и измама со пари од европски фондови.