Лондон: Четири лица убиени со нож, уапсен ососмничениот за нападот

 

Три жени и еден маж се убиени со убоди од нож во стан во Лондон, соопшти утрово полицијата, наведувајќи дека еден осомничен е уапсен.

Полицијата ги пронашла синоќа околу 1.40 часот по локално време (2.40 часот по средноевропско време) откако добила пријава од стан во Саутворк, лондонски кварт јужно од реката Темза.

Полицијата пронашла четири лица кои имале видливи повреди нанесени со ладно оружје, соопшти лондонската полиција.

„Три жени и еден маж се прогласени за мртви на самото место”, соопшти полицијата.

Уапсен и притворен е маж, осомничен дека е поврзан со убиствата, а за случајот е отворена истрага.

Како што се дознава, по се изгледа сите пет лица меѓусебно се познавале.

Back to top button
Close