Лондон и Берлин го поздравија примирјето меѓу Индија и Пакистан
Примирјето кое го договорија денеска Индија и Пакистан по повеќедневните напади меѓу двете земји, го поздравија Лондон и Берлин.
Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Дејвид Лами изјави дека прекинот на огнот е „исклучително добредојден“.
„Ги повикувам двете страни да го почитуваат. Деескалацијата е во интерес на сите“, напиша Лами на мрежата Икс.
Берлин го поздрави денеска објавеното примирје како „исклучително важна пресвртница“.
„По долга ноќ преговори со посредство на САД, со задоволство објавувам дека Индија и Пакистан се согласија на целосен и итен прекин на огнот. Честитки до двете страни за нивниот здрав разум и интелигенција“, објави пред неколку часа американскиот претседател Доналд Трамп на неговата социјална мрежа Трут Соушл.
Примирјето следи по повеќе неделник судири, прекугранични напади со ракети и дронови поттикнати од убиството на турист на 22 април во индискиот дел на Кашмир за што Индија го обвини Пакистан. Тоа беше најсериозна конфронтација меѓу двете земји во последните децении, а во судирите загинаа десетици цивили од двете страни.