Лоши вести за Тотенхем – се повреди Соланке
Тотенхем ќе биде без новата ѕвезда Доминик Соланке за дуелот од второто коло против Евертон в сабота. Напаѓачот се здоби со повреда на зглобот на натпреварот против Лестер во понеделникот, информира менаџерот на Спарс, Анже Постекоглу.
Аут е и Родриго Бентанкур, кој доживеа потрес на мозокот на првиот натпревар од сезоната и мора да ги почитува протоколите во Премиер лигата.
Соланке пристигна во Тотенхем за сума од 60 милиони фунти, а „петлите“ полагаат големи надежи во напаѓачот.
Сепак, сезоната не започнува добро за него. Во првиот натпревар Тотенхем ремизираше 1:1 на гостувањето кај Лестер.