Лукаревска: Вкупно 181 работодавач ја злоупотребил државната помош, плата не добиле 753 работници

Како што соопшти денеска директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, не се исплатени 753 месечни плати, а одобрената, но неисплатена финансиска помош е вкупно 12 071 908 денари или 2 738 715 денари за февруари и 9 333 193 денари за март.

Овие работодавачи се од дејностите, од подготовка на оброци и служење храна, 61, од дејноста трговија на мало, 33, од дејноста копнен транспорт, 24, но има и од специјализирани градежни дејности, трговија на големо и мало со моторни возила и мотоцикли, правни и сметкодовствејни дејности.

– Вкупно 181 работодавач ја злоупотребил државната помош и обесправил 753 вработени. Најмногу од работодавачите кои не исплатиле плата се од Скопје, 71, потоа од Тетово 53 и 27 се од Битола, истакна Лукаревска.

Таа потенцира дека на работодавачите кои не дале плати, а земале финансиска помош веќе им се доставени опомени, а по истекот на рокот за опомена почнува постапката за присилна наплата на долгот.

Лукаревска рече дека продожуваат контролите кај работовачите кои го изиграле законот.

Присилна наплата, информира диекторката, е спроведена кај работодавачите кои не исплатиле плати за периодите април, мај и јуни, како и октовмри, ноември и декември.

Највисокиот износ на финансиска поддршка е 21 776 денари месечно по работник.

Back to top button
Close