Лукашенко му се закани на Западот во случај на напад врз Белорусија

 

Белорускиот претседател Александар Лукашенко вчера се закани со воена одмазда против секој што ќе ја нападне неговата земја, во момент кога тензиите околу војната во соседна Украина продолжуваат да растат.

Зборувајќи во пресрет на Денот на независноста на Белорусија, Лукашенко кажа дека им наредил на своите вооружени сили во случај на напад врз Белорусија да ги земат за цели „центрите на одлучување“ во западните престолнини, пренесе белоруската агенција Белта.

-Не не закачајте и ние нема да ве закачаме, рече тој.

„Доколку само се осмелите да нападнете, како што тие планираат, на југот на Гомел или нафтената рафинерија Мозир, аеродромот, пистите во Лунинец или Брест, одговорот ќе биде моментален. За една секунда! Имаме за што да одговориме“, рече Лукашенко и нагласи дека центрите се на дофат на ракетите и дека нема да гледаат кој седи во канцелариите или палатите, туку дека одговорот ќе биде недвосмислен.

Тој изјави и дека негова задача како претседател е да ја заштити земјата, пренесе Белта.

И покрај фактот дека Русија ја започна војната во Украина, Москва и нејзиниот верен сојузник Минск постојано се обидуваат да се прикажат себеси како жртви на наводната непријателска политика на Западот и НАТО.

Back to top button
Close