Лула: Политичарите треба да се подготват за политичко насилство, по неуспешниот атентат врз аргентинската потпретседателка Киршнер

Фаворитот на октомвриските претседателски избори во Бразил, левичарот Луис Инасио Лула да Силва, изјави дека политичарите треба да бидат подготвени да се соочат со клима на насилство, еден ден по неуспешниот обид за атентат врз аргентинската потпретседателка Кристина Киршнер.

-Мислам дека сите ние политичарите мора да бидеме свесни за насилството што го предизвикуваат оние кои не знаат да живеат демократски, рече поранешниот бразилски претседател на прес-конференција пред изборниот митинг на североистокот на земјата.

 

Триесет и петгодишен Бразилец пред два дена и впери пиштол во глава кон потпретседателката на Аргентина, во моментот кога таа се враќала дома, а пред нејзината куќа имало голем број поддржувачи. За среќа, пиштолот на напаѓачот се заглавил и Кирхнер избегнала фатална повреда.

 

Стотици илјади Аргентинци вчера се собраа на главниот плоштад во Буенос Аирес за да го осудат обидот за атентат врз потпретседателката Киршнер. Земјата е зафатена од длабока политичка поларизација и економска криза.

 

Киршнер, која е можеби најмоќната аргентинска политичарка, се соочува со потенцијални обвиненија за корупција поврзани со наводното пренасочување на јавните средства додека беше претседател на Аргентина, во периодот меѓу 2007 и 2015 година.

Таа ја негира вината, а нејзините приврзаници секојдневно се собираат на улиците и пред нејзината резиденција, критикувајќи го судството и конзервативната опозиција дека спроведуваат, како што велат, лов на вештерки против потпретседателката на земјата.

Обидот за атентат врз аргентинската политичарка ги принуди двајцата водечки претседателски кандидати во Бразил да ги преиспитаат своите безбедносни аранжмани пред изборите закажани за 2 октомври.

Back to top button
Close