Луна, Ана и Хана се имињата на малите лавчиња во Скопје ЗОО

Малите лавчиња во скопската зоолошка градина ги добија своите имиња, од сега тие се Луна, Ана и Хана. Како што информираат од Скопје ЗОО, во изминатите две недели по објавениот јавен повик за именување на лавчињата до нив пристигнале други 3.000 предлог имиња.

„Ви благодариме што бевте креативни и што придонесовте заеднички да ги одбереме имињата за овие три мали убавици. Внимателно ги прочитавме сите предлози и најголем број од нив беа за Луна, Ана и Хана. Да ни се живи и здрави и да не радуваат уште многу години“, пишуваат Скопје ЗОО.

Граѓаните своите предлози можеа да ги доставуваат во пластичните кутии што беа поставени на влезот на Зоолошката градина, а предлози се пишуваа и во коментар на објавата на Фејсбук страницата на Зоолошката градина, како и на објавата на Фејсбук страницата на Град Скопје

Лавчињата се родија во март годинава и се првата генерација лавови во зоолошката градина во Скопје по повеќе од две децении

Back to top button
Close