Мајк Пенс повторно контра Трамп: Господине претседателе, не ја зборувате вистината за Украина
Мајк Пенс, кој беше потпретседател на САД за време на првиот мандат на Трамп, изреагира контра изјавата дека Украина ја започнала војната со Русија.
Пенс реагираше на платформата Икс, потенцирајќи дека вистината е клучна за изградба на мир.
– Господине претседателе, Украина не ја ‘започна’ оваа војна. Русија започна неиспровоцирана и брутална инвазија што одзеде стотици илјади животи. Патот до мирот мора да се гради врз вистината – напиша Пенс.
Тој ја поткрепи својата изјава со наслов од Fox News од 24 февруари 2022 година: „Русија започна инвазија на Украина во најголемиот европски напад од Втората светска војна