Мајката на Вања: Несфатливо ми е зошто моето преубаво девојче е во гроб. Важно ми е да ја дознаам вистината
Зорица Ѓорчевска, мајката на Вања Ѓорчевска (14) која беше свирепо убиена прв пат проговори, за српска „Република“, и изјави дека сега важно и е само да ја дознае вистината за смртта на ќерката.

-Несфатливо ми е зошто моето преубаво девојче е во гроб. Ништо не знам, мене сето ова ми е нереално. Бевме разведени пет години и не знам што правел и со кого. Бевме во добри односи заради децата, не се расправавме околу старателството, воспитувањето. Смееше да ги види кога сака или кога ќе посакаат децата. Неговиот живот не ме интересираше. Мене животот ми беа моите деца и мојата работа. Беше оставен на мир, за да ме остави мене на мир“ – изјави Зорица Ѓорчевска за „Република”.
Имам хронична болест, но се држам, важно ми е е само да се дознае вистината, а другата ќерка моментално е болна, сите се надеваат дека ќе биде добро. Ве молам, премногу ве молам да почекате да дознаеме зошто се случи ова“,изјавила Зорица за „Република“
Додаде и дека не знаела дали нејзиниот поранешен сопруг имал долгови, ниту со кого контактирал.
Одбила да зборува за помалата ќерка.
-Сега ми е битно само неа да ја заштитам -изјавила мајката.
Повеке на република рс






