Македонија ја победи Бугарија на фудбалскиот хуманитарен натпревар за настраданите во Кочани

Денес во Варна се одигра хуманитарен меч. Македонската и бугарската фудбалска јавност имаа чест да видат некои од најголемите ѕвезди на сите времиња, како што се Горан Пандев и Христо Стоичков, кои излезеа на терен за да ја поддржат хуманитарната акција за помош на семејствата на настраданите во трагичната катастрофа во Кочани.

Македонија победи со 2:3 на теренот на Бугарија, што сигурно ќе остане во сеќавањата на сите присутни. Божинов, Пандев и Тасевски беа стрелците за Македонија, додека Камбуров и Михтарски погодија за Бугарија.

Натпреварот во Варна беше од хуманитарен карактер и ќе се донираат средствата на семејствата на настраданите во Кочани

Back to top button
Close