„Македонија пат“ со целата механизација и работна сила го чисти снегот од патиштата, велат од Транспорт
По зголемените врнежи од снег на целата територија на државата, Министерството за транспорт информира дека Јавното претпријатие „Македонија пат“ е на терен со целата работна сила и целокупната механизација и во континуитет врши расчистување на државните патишта.
Фото: МИА
Освен капацитетите на „Македонија пат“, како што велат од Министерството, во расчистување на снегот од магистралните и регионалните патишта се вклучени и „трети лица“ – компании кои соработуваат со претпријатието.
„ЈП ‘Македонија пат’ во континуитет ја следи состојбата на државните патишта и соодветно реагира со целокупната механизација на терен“велат од Транспорт.
Од Министерството апелираат возачите да ги почитуваат законските одредби за сообраќај во зимски услови, задолжително да поседуваат зимска опрема за возилата, внимателно да управуваат со возилата и да ги почитуваат сообраќајната сигнализација и препораките од сообраќајните служби. Упатија и апел до граѓаните кои планираат да патуваат навреме да се информираат од сообраќајните служби за условите на државните патишта.
Освен за состојбата на патиштата, од Министерството за транспорт информираат и дека нормално и без прекин се одвива и патничкиот железнички сообраќај, со минимални задоцнувања. Товарниот железнички сообраќај, пак, како што велат, се одвива со мали застои, главно предизвикани од заснежени или замрзнати свртници. На терен интервенираат екики на Јавното претпријатие „Инфраструктура