Македонски родители вадат лажни белешки за вакцинација во Петрич, за да си ги запишат децата на училиште
Со наводно примени петовалентни вакцини и прва доза на вакцината МРП во бугарскиот град Петрич, родители бараат од диспанзерите во државата потврди за да ги запишат децата во училиште. Самите медицински белешки, од кои повеќето се напишани на обичен лист хартија, имале само датум на аплицирање на вакцината, без задолжителниот сериски број и лот, што предизвикало сомнеж кај лекари кои работат во вакциналните пунктови. Сите такви белешки биле од иста докторка за вакцинирање од Петрич, објави „Сител“.