Македонските кошаркарки немоќни против Украина во евроквалификациите

Македонската женска кошаркарска репрезентација загуби вечерва во Скопје од Украина со 98-49 во рамки на квалификациите за Европското првенство 2025.

За избраничките на селекторот Александар Ашаданов ова е трет пораз во третиот натпревар по кој се последнопласирани во квалификациската група Г.

Најефикасни во македонските редови беа Митрашиновиќ со 17 и Хемпе со 16 поени,

Во следното четврто коло, македонските кошаркарки в недела ја пречекуваат Португалија.

Европското првенство за кошаркарки во 2025 година ќе се одржи во Чешка, Германија, Грција и Италија.

Back to top button
Close