Макрон: Франција ќе направи се што е во нејзина моќ за да се избегне ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран
Франција ќе направи се што е во нејзина моќ за да се избегне понатамошна ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран на Блискиот Исток, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.
Тој го повика Израел да се воздржи од каков било одговор.
„Загрижени сме поради можна ескалација“, изјави Макрон за француски медиуми.
Иран истрела стотици беспилотни летала и балистички проектили врз Израел во текот на ноќта во саботата како одговор на наводниот израелски напад врз иранскиот конзулат во Сирија на 1 април.
„Ќе направиме се што можеме за да избегнеме ситуација што ќе се разгори, ќе ескалира“, рече Макрон, повикувајќи го Израел да се обиде да го изолира Иран наместо да ја ескалира ситуацијата.