Макрон, Шолц и Драги заедно во воз за Киев

Францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги заедно се качија во специјален воз за Киев, објавија утринава германските и италијанските медиуми.

Тројцата лидери се качија на специјален воз во Полска и се очекуваат во текот на утрото во Киев, соопштија германскиот ZDF и италијанскиот весник La Repubblica, кои објавија нивна фотографија.

Од почетокот на руската агресија на 24 февруари, многу лидери отпатуваа во Киев за да покажат солидарност со Украина

Back to top button
Close