Малолетник лишен од слобода во Чашка, управувал мотоцикл без возачка дозвола

На  регионален пат Велес – Богомила, Општина Чашка, вчера во11:15 часот, полициски службеници од Полициското одделение Чашка лишиле од слобода 17-годишник од село Стари Град, Општина Чашка.

-При сообраќајна контрола кај место викано „Крстосница Богомилска“ бил сопрен мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од малолетникот и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека мотоциклот го управувал пред да се стекне со право на управување, информираат денеска од СВР Велес.

По насоки на јавен обвинител, малолетникот бил приведен во полициска станица, а мотоциклот бил одземен.

Од СВР Велес информираат дека по целосното документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Back to top button
Close