Манчестер сити се спаси од пораз на мечот со Арсенал во 90+8. минута
Арсенал ремизираше на гостувањето кај Манчестер сити во натпреварот од 5. коло на англискиот фудбалски шампионат – 2:2.
Првиот гол на натпреварот го постигна напаѓачот на домаќините Ерлинг Халанд, кој погоди во 9. минута. Рикардо Калафиори израмни во 22. минута, а Габриел му донесе водство на лондонскиот тим во судиското надополнување. Граѓаните се спасија од пораз благодарение на голот на Џон Стоунс во 90+8 минута.
Во 45+8 минута напаѓачот на Арсенал Леандро Тросард доби втор жолт картон и беше исклучен.
Избраниците на Микел Артета ја продолжија низата без пораз на шест натпревари во сите натпреварувања. По овој натпревар лондончани се на 4. место во поредокот во Премиер лигата со 11 бодови.
Сити исто така нема загубено ниту еден натпревар оваа сезона. „Граѓаните“ водат во англискиот шампионат со 13 бода.