Маричиќ: Реформите се многу повеќе од нови ЕУ закони, тоа се промени во функционирањето на институциите


Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, на денешниот објаснувачки скрининг состанок за „Функционирање на демократските институции“, во своето воведно обраќање рече дека ова е област која е од суштинска важност за секое демократско општество и дека ќе бара максимална посветеност на реформската агенда која ќе помогне да се забрза напредокот во оваа важна област.

–Реформските процеси не се само за воведување нова

легислатива и организирање дебати и консултации за реформите поврзани со ЕУ, посочи Маричиќ.

Денеска се одржа објаснувачкиот скриниг состанок за уште една област што првпат се воведува во пристапните преговори – „Функционирање на демократските институции“, во рамки на кластерот „Темели“, која е основна вредност врз која функционира Европската Унија.

Утре ќе се одржи скрининг состанок за Поглавје 23 „Правосудство и фундаментални права“, со кој завршуваат објаснувачките скрининг состаноци за Кластер 1, „Темели.

Back to top button
Close