Марк Мили: На Украина испорачани 25.000 противвоздушни оружја од САД и од сојузниците

Украина доби околу 25.000 системи за противвоздушно вооружување од САД и нивните сојузници, што му помогна на Киев да не дозволи Русија да доминира во воздухот, изјави денеска началникот на Здружениот Генералштаб на вооружените сили на САД, генерал Марк Мили.

Тој додаде дека САД и сојузниците на НАТО и испорачале на Украина 60.000 противтенковски системи. „Украинците се исклучително благодарни за тоа”, нагласи Мили во обраќањето пред Комитетот за вооружени сили на американскиот Сенат.

Back to top button
Close