Мато Наполетано“ од Скопје стана дел од најрелевантната светска организација за неаполитанска пица
Скопскиот ресторан „Мато Наполетано“ официјално стана дел од AVPN (Associazione Verace Pizza Napoletana), Асоцијација со седиште во Наполи, Италија, која претставува најрелевантната организација во светот во областа на неаполитанската пица.

Ова членство и признание се доделуваат на ресторани кои строго ги почитуваат традиционалните методи и стандарди за подготовка на неаполитанска пица, дел од нематеријалното културно наследство на човештвото под заштита на УНЕСКО.
На настанот во Скопје дојдоа претставници на Асоцијацијата, на чело со претседателот Антонио Паче и генералниот директор Стефано Аурикио, амбасадорот на Италија Паоло Палминетри, како и бројни претставници од дипломатскиот кор.
„Ова за нас не е само уште едно признание, туку предизвик секојдневно да се чува традицијата на ова препознаено гастрономско наследство“ изјавија Зоран Васиљевиќ и Дане Кузмановски, креатори на „Мато Наполетано“.
Во рамки на настанот, признание доби и главниот пицајоло на „Мато“, Горан Мишевски, AVPN сертифициран пицајоло.
Со ова признание,„Мато Наполетано“ е единствената AVPN сертифицирана пицерија во Македонија.






