Мажот од „Пицагејт“ инцидентот по речиси деценија убиен од полиција во Северна Каролина
Во 2016 година Едгар Медисон Велч влезе со автоматска пушка во ресторанот „Комет Пинг Понг“ во Вашингтон, мотивиран од онлајн теорија на заговор според која видни демократи вршеле трговија со деца преку пицеријата. Случката стана позната во јавноста како „Пицагејт инцидентот“.
Саботата во Кенаполис, Велч беше застрелан и убиен од полицијата во Северна Каролина. Тој бил патник во возило сопрено од полицијата за време на сообраќајна контрола. Еден од полицајците препознал дека возилото претходно го имал возено Велч и знаел дека по него има активна потерница за кршење условна казна за кривично дело.