Мбапе го именуваше идеалниот наследник на Дешан за селектор на Франција
Напаѓачот на Франција, Килијан Мбапе го изрази своето мислење за тоа кој би можел да го замени Дидие Дешан како селектор на репрезентацијата по Светското првенство во 2026 година.
-Разбирам за кого зборувате, но нема да разговарам за оваа тема бидејќи тоа не е мое право. Одлуките ги носи претседателот на федерацијата. Сите зборуваат за Зидан. Свесни сме за гласините и не живееме во вакуум, но не треба да зборуваме на оваа тема. Кој би бил идеалниот наследник? Зинедин Зидан! Но, како што веќе реков, одлуката ќе ја донесе Филип Диало, претседател на Француската фудбалска федерација. Ќе биде интересно да се види кои критериуми ќе ги земе предвид и каква одлука ќе донесе, изјави Мбапе во интервју за „Паризиен“.
Дидие Дешан (56) е селектор на француската репрезентација од 2012 година. На крајот на 2024 година тој најави дека ќе се повлече по Светското првенство во 2026 година.