Меџити: Со гордост објавуваме дека Владата обезбеди 35 милиони евра за изградба на универзитетскиот кампус „Мајка Тереза“

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска учествуваше на почетокот на новата академска година на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

Меџити им упати срдечни честитки за почетокот на новата академска година на студентите и рече дека со гордост објавува дека Владата обезбедила 35 милиони евра за изградба на универзитетскиот кампус „Мајка Тереза“.

Ова е инвестиција за вас, за помладите генерации, да се подготвите да бидете конкурентни не само во Европа, туку и пошироко. Не градиме само згради, туку ги поставуваме темелите на посветла иднина на нашата младина! Како некој што доживеал периоди кога нашите јазични и идентитетски права беа ускратени, се чувствувам горд што денес живееме во општество каде што тие се загарантирани. Да кажеме јасно: времето на шовинизмот заврши! Никогаш нема да дозволиме да се прекрши ниту едно од правата што ги стекнавме, рече Меџити и додаде: “Со овој дух на храброст и знаење, ве повикувам да се осмелите да размислувате, да се осмелите да учите”. Меџити потенцираше дека знаењето е нашата најголема сила да изградиме побезбедна и посветла иднина!

 

Back to top button
Close