Меѓу жртвите нема македонски државјани, МНР го осуди иранскиот ракетен напад врз Израел и терористичкиот напад во Тел Авив

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија остро го осудува ракетниот напад врз Израел, извршен од страна на Иран, како и терористичкиот напад во Тел Авив, во кој загинаа шест цивили. Амбасадата на Македонија во Тел Авив веќе стапи во контакт со израелските надлежни институции за да потврди дека меѓу жртвите и повредените нема македонски државјани.

Поради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството апелира до македонските граѓани да ги одложат патувањата кон Израел, Иран и Либан. Државјаните кои се веќе во овие земји се советуваат да ги следат упатствата на локалните власти и да го сведат своето движење на минимум.

За итни случаи, граѓаните можат да се обратат на дежурните телефони на Министерството: +389 75 273 732 и +389 75 268 736, како и на телефонскиот број на Амбасадата во Тел Авив: +972-54-926-7378, која е подготвена да им помогне на нашите граѓани.

Министерството ќе продолжи да ги следи состојбите во регионот и ќе ги информира граѓаните за сите важни насоки и препораки

Back to top button
Close