Медарски ке го тужи Милошоски: Немам ништо со „Дијаверум“

 

Адвокатот Филип Медарски тврди дека нема никаков контакт со компанијата „Дијавериум“, туку неговото име во денешните разговори објавени на интернет се споменува во контекст на негов професионален ангажман за компанијата „Тотал ТВ“, каде, како што вели, бил ангажиран од мнозинскиот сосопственик во врска со кривична пријава поднесена од малцинскиот сосопственик.

,,Би сакал да ја информирам јавноста дека разговорот на снимката, која беше објавена денес од страна на Антонио Милошоски, се однесува на мојот професионален ангажман за компанијата Тотал ТВ, каде бев ангажиран од мнозинскиот сосопственик, а во врска со кривична пријава, поднесена од малцинскиот сосопственик.Ова не е прв, ниту единствен мој ангажман за оваа фирма, мојата соработка со неа датира години пред тоа.

Спротивно на она што го тврди Антонио Милошоски, во мојот ангажман нема ништо спротивно на законите и професионалната етика. Заради тоа, тој ќе биде тужен за клевета и вистинитоста на своите тврдења ќе мора да ги докаже на суд.

Фирмата ”Дијаверум” ми е позната само од медиумите и никогаш не сум имал било каков контакт со неа или било која друга компанија од областа на дијализата, реагира Медарски

Претходно, беа објавени исечоци од разговори во кои поранешниот директор на Фондот за здравство Ден Дончев говори дека компанија каде издејствувал да интервенира полицијата („Тотал ТВ“) го ангажирала Медарски, со цел, според Дончев, да се оствари влијание кај експремиерот Зоран Заев.

 

Back to top button
Close