Медицинска сестра крадела цитостатици од Клиниката за онкологија, по распитот се предозирала со лекови

Вработена на Клиниката за онкологија крадела цитостатици од Клиниката, кои биле вредни илјадници евра, дознава „Слободен печат“ од свои доброупатени извори.

Министерството за внатрешни работи во својот билтен информираше дека вработената работи на Клинички Центар, вози „Рено Клио“ во кое возило биле пронајдени ампулите, но без да информира дека се работи за скапи лекови за најризичните групи пациенти, кои со месеци се жалат на нивен недостаток.

За конкретниот случај ќе има и судска постапка за кривично дело „послужување“, а непознато е во колкав временски период вработената ги крадела ампулите, најверојатно за препродавање.

повеќе

Back to top button
Close