Медиуми: Унгарија преку Бугарија префрлила 1,6 милиони евра за експлозивните пејџери
Пари во износ од 1,6 милиони евра, кои се поврзани со смртоносните експлозии на пејџерите во Либан, се префрлени преку Бугарија во Унгарија, објави бугарската телевизија БТВ, повикувајќи се на извори во Државната агенција за национална безбедност.
Бугарските власти претходно соопштија дека МВР и Службата за државна безбедност отвориле истрага за евентуална поврзаност на фирма со овој настан. Не е прецизирано која компанија е под истрага.
Локалните медиуми јавуваат дека компанијата „Норта Глобал“ од Софија ја овозможила продажбата на пејџери на Хезболах.
Либан и Хезболах го обвинија Израел за напади врз комуникациската опрема на Хезболах во кои загинаа 37 луѓе, а околу 3.000 беа ранети.
Израел директно не ги коментираше нападите, за кои безбедносни извори велат дека најверојатно биле извршени од неговата шпионска агенција Мосад.
Унгарската влада вчера ги негираше наводите на тајванската компанија Gold Apollo дека моделот на пејџер користен во масовните експлозии во Либан, е произведен во Будимпешта.
„Унгарските власти утврдија дека станува збор за трговска посредничка компанија, која нема производство или друга локација во Унгарија“, изјави владиниот портпарол Золтан