Меланија Трамп објави видео: „Важно е да ја слушнете мојата вистина…“

Поранешната прва дама на Америка, Меланија Трамп оваа есен ги објавува мемоарите наречени „Меланија“. Тоа се нејзини први мемоари и ќе бидат објавени на 1 октомври, пред претседателските избори.

Во оваа прилика Меланија проговори на Х и рече дека е време за нејзината „приказна, перспектива и вистина“. „Пишувањето на овие мемоари беше длабоко лично и промислено патување за мене“, рече таа во објавеното видео.

„Како многу приватна личност, често сум била предмет на јавна осуда и погрешно претставување, па чувствувам одговорност да ги разјаснам фактите. Верувам дека е важно да ја споделам мојата перспектива: вистината“, додаде таа.

На објавеното видео Меланија гледа во камерата и зборува, а на моменти се прикажуваат и сцени од нејзиното престојување во Белата куќа.

Во јули Меланија објави дека објавува мемоари. Нејзината канцеларија ги опишува како моќна и инспиративна приказна за жена која го трасирала својот пат, ги надминала сите неволји и ја „дефинирала личната извонредност“.

Книгата, како што се наведува, е полна со лични приказни и семејни фотографии кои таа до сега не ги споделила со јавноста

Back to top button
Close