Мета обвини дека депопулацијата на земјата е намерна антинационална агенда и повика на обединување за враќање на надежта  

 Албанскиот претседател во заминување, Илир Мета, преку објава на Фејсбук, реагираше на  истражувачката сторија, објавена од Гласот на Америка, каде се наведува дека во изминатите шест  6 години Албанија ја напуштиле 220.000 граѓани.  

Според Мета, анализата која ја потврдува појавата на депопулација, но и намалувањето на работната сила, е уште една потврда дека постои намерна агенда која има тенденција да ја банкротира Албанија како нација. 

– Намерната антинационална агенда за депопулација и банкрот на Албанија е јасен факт. Трагичните последици се чувствуваат во секое албанско семејство и во секој сектор. Должност на сите нас е да се обединиме без да губиме повеќе време, во еден  заеднички национален фронт, со одговорност, патриотизам и професионализам да и се спротивставиме  на оваа голема драма и да ја вратиме надежта, напиша Мета. 

Тој додаде дека неопходна е итна потреба од јасна и ефикасна стратегија, која реално и трајно ќе се бори со појавите кои водат кон „напуштање на државата од страна на Албанците, прво гарантирајќи стандарди на владеење, демократска одговорност на секое ниво и слушање на гласот на граѓаните преку референдум”. 

 – Да ги обединиме нашите енергии за да и ја дадеме на Албанија заслужената европска насока и перспектива! Сега е време да се изгради Европа во Албанија, порача Мета. 

Back to top button
Close