Мијалков се предаде откако дознал дека негови блиски ќе одговараат за помагање во бегство

Пред да одлучи да се предаде, поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков добил дојава дека членови на неговото обезбедување, но и семејство, ќе се соочат со одговорност за помагање во неговото бегство, неофицијално дознава Фокус.

Покрај тоа, добро упатени извори велат дека Мијалков дознал оти сметките на членови на неговото семејство и нивни компании ќе бидат блокирани, движниот имот ќе биде запечатен, а недвижниот имот пломбиран, што го натерало да се појави во обвинителството и да го подигне решението со кое му се определува куќен притвор.

Неофицијално, Мијалков ја примил дојавата дека за него обвинителството викендов бара затворски притвор од иста адреса, од каде денес во обратна насока била пренесена порака до него за настаните што следуваат, па само саат време подоцна тој одлучи да се предаде.

Инаку, информациите говорат дека тој цело време бил во Скопје и бил сместен во стан, каде најверојатно го однел член на неговото обезбедување со возило кое вчера беше донесено во полициска станица и врз кое се вршеа проверки.

 

Back to top button
Close