Мицкоски им се извини на пратениците за навредите. Се надевам дека никогаш нема да ни се повтори

Ова следи откако пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) попладнево соопшти дека кандидатот за министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ за време на расправата за предлогот за реконструкција на Владата упатил навреди кон двајца нивни пратеници, Фатмир Битиќи и Митко Трајчулески. Дополнително, координаторот Оливер Спасовски посочи и дека е доволно да се видат двете реплики на премиерот Христијан Мицкоски, кој, како што додаде, се обраќа кон пратениците, нарекувајќи ги „мизогени“ и „палири“

Во знак на револт поради тоа што не добија извинување од кандидатот за министер Иван Стоилковиќ, пратениците на СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците ја напуштија седницата на која требаше да се изберат новите предлози за министри

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва на крајот од расправата, односно пред гласањето на новите министри во рамки на реконструкцијата на Владата упати извинување за, како што рече, денешните случувањата во Собранието, изразувајќи надеж дека такви настани нема да се повторат.

Од обраќањето

„Како претседател на Владата, сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани и се надевам дека тоа никогаш повеќе нема да ни се повтори“,рече тој.

Ова следи откако пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) попладнево на вонредна прес-конференција во Собранието, соопшти дека кандидатот за министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ за време на расправата за предлогот за реконструкција на Владата упатил навреди кон двајца нивни пратеници, Фатмир Битиќи и Митко Трајчулески.

Дополнително, координаторот Оливер Спасовски посочи и дека е доволно да се видат двете реплики на премиерот Христијан Мицкоски, кој, како што додаде, се обраќа кон пратениците, нарекувајќи ги „мизогени“ и „палири“.

Спасовски упати критики и до собранискиот спикер Африм Гаши поради неговото молчење и отсуство на реакција на случувањата во законодавниот дом.
Во знак на револт поради тоа што не добија извинување од кандидатот за министер Иван Стоилковиќ, пратениците на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Демократската унија за интеграција (ДУИ) и Алијансата за Албанците ја напуштија седницата на која требаше да се изберат новите предлози за министри.

 

Back to top button
Close