Мицкоски: На 15 јули ќе се најдеме пред историска раскрсница, да завршиме со експериментите

– Овие избори се историски, бидејќи треба да се трасира иднината на македонското поколение, но и да се обели образот на нашите претци кои со живот го платиле она што ние денеска го живееме, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашната трибина во Крушево.

Тој, како што нагласи, е убеден во победата на неговата партија, а на Зоран Заев му порача дека по 15 јули ќе заврши со политичката кариера.

-Еве од овде од Крушево кажувам, јас сум Христијан Мицкоски, Зоране Заев, кој ќе те победи и тука ќе заврши твојата политичка кариера. А после тоа еве ти кажувам се обврзувам дека ќе го почитувам твоето право на презумциум на невиност и ќе имаш можност пред судовите да ја докажуваш невиноста. Но, не знам дали ќе успееш во тоа, нагласи Мицкоски.

Според него, на 15 јули ќе бидеме пред историска раскрсница.

-На 15 јули ќе се најдеме на историска раскрсница, дали да прифатиме истрошени потрошени политичари како што е Шекеринска која што ја гледаме од раните 90-ти од транзицијата кога се пљачкаше Македонија и нашите родители беа бркани од фабриките и пола од народот останаа на улиците или ќе одбереме маестро, патриот, човек кој реди успеси и надвор од Македонија и со аплаузи на странските сцени успешно ја промовира македонската култура, родољубот Игор Дурловски. На 16 јули, пак, сите заеднички ќе ги засукаме ракавите и ќе ја кренеме нашата држава од пепелта во која што ни ја оставија Заев и СДСМ, истакна Мицкоски.

Тој ја обвини власта за национално предавство, за криминал и корупција.

-Заев и СДСМ се доктори на науки за криминал, грабеж, корупција и национално предавство, на 15-ти јули граѓаните овие измамници ќе ги испратат на темната страна на историјата, а крушевчани имаат најмногу право на ова, бидејќи овде се случувало она организирано востание и пркос за независна македонска суверена држава уште на почетокот на 20-тиот век. Гледавме како Заев е добар во економијата, едно евро за Вицето, па гледавме како негов адвокат брат на судијка која што го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ и на тој начин му овозможи привилегирана позиција на СДСМ. Па гледавме како еден функционер ладно си зема купче со пари и си го става во чантата. И отприлика таа економија по мерка на Заев и СДСМ се сведува само на ова. Многу криминал, корупција и пљачка. Втората работа е криминал и корупција. И третата работа е тоа што го заробуваат судството и обвинителството да се исперат за некои злодела од минатото и да исконструираат некои дела за политичкиот противник, истакна Мицкоски.

Она што овие избори ги прави поразлични, дополни, е тоа што треба, како што рече, да завршиме со експериментите.

Back to top button
Close