Мицкоски најави намалување на цените на дизелот и бензинот

Очекуваме Регулаторната комисија за енергетика утре да донесе нова корекција на цените и бензините и дизелот да поевтинат за денар и половина, истакна денеска на прес-конференција премиерот Христијан Мицкоски.
-Она што е важно да се истакне е дека нашите политики не се изолирани, туку се светски трендови. Според последните анализи сме според првите три држави во Европа кои преземале најмногу мерки за регулација на горивата – вели премиерот.
Според него, Македонија подготвена ја дочекала енергетската криза.
-Во минатото за владата на СДСМ и ДУИ тоа беше нешто невозможно – рече Мицкоски.
Тој ги повтори мерките за намалување на акцизите и ДДВ за горивата и додаде дека Македонија има најниски цени на горивата во регионот.






